Американско разузнавање: Постои потенцијал за директна воена конфронтација меѓу Русија и САД и НАТО


Русија не сака директен воен конфликт со силите на САД и НАТО, но постои потенцијал тоа да се случи. Руските лидери досега избегнуваа да преземаат активности  со кои би се проширил
конфликтот во Украина надвор од границите на земјата, но ризикот од ескалација останува значаен.

Причината за тоа е што постои реален потенцијал  воените неуспеси на Русија во војната да ја оштетат позицијата на рускиот претседател Владимир Путин во неговата земја и на тој начин да поттикнат натамошна ескалација од страна на Москва  во обид да добие поддршка од јавноста.

Ова е јавниот дел од годишната проценка за заканите кон САД од страна на разузнавачката заедница на земјата, објавен деновиве. Аврил Хејнс, директор на националното разузнавање, ја претстави проценката на сослушување во Сенатот.