Американската потпретседателка Харис ќе присуствува на погребот на Тир Николс, кого полицијата го претепа до смрт


 

Погребот на Афроамериканецот Тир Николс, жртва на полициско насилство што ги згрози САД, ќе се одржи во среда во Мемфис, во присуство на потпретседателката Камала Харис.

Сè посочува дека погребот на Тир Николс ќе добие политичка димензија, а адвокатот на семејството Бен Крамп треба да „повика на акција“ против полициското насилство.

Се очекува и доаѓањето на братот на Џорџ Флојд, црнец кој во 2020 година беше задушен од бел полицаец со притискање на вратот со коленото, што предизвика големи протести против расизмот.

Пречесниот Ал Шарптон, истакнат активист за граѓански права, ќе одржи проштално обраќање во христијанската црква на улица Мисисипи.

Тир Николс (29) на 7 јануари бил запрен од припадници на специјалната единица на полицијата во Мемфис, позната како Скорпион поради сообраќаен прекршок, соопштено е подоцна. Но, тие го претепале до смрт и тој починал во болница три дена подоцна.

Потпретседателката Камала Харис разговарала телефонски во вторникот со мајката на Николс, Ровон Велс, и очувот, Родни Велс, кои ја поканиле на погребот, изјави нивниот адвокат.

Грозоморната снимка од апсењето и бруталното тепање на Николс беше емитувана минатата недела, нецензурирана, од најголемите телевизиски мрежи во државата.

Петмина полицајци добија отказ и беа обвинети за убиство. „Скорпион одредот“ на кој припаѓаа, чија мисија беше да ги намали нелегалните активности во чувствителните населби со распоредување повеќе луѓе, беше распуштен.

Во врска со инцидентот отпуштени се тројца работници за итни случаи во Мемфис. Официјалните лица рекоа дека двајца болничари и возачот кој реагирал на местото на настанот не му пружиле соодветна грижа.

Бил удиран со тупаници, клоци и удрен со палка откако бил влечен поради наводен сообраќаен прекршок.

Петмина полицајци се отпуштени и обвинети за убиство. Во понеделникот се дозна дека други двајца се суспендирани.

Официјалните лица на Мемфис ги именуваа тројцата отпуштени работници – сите вработени во пожарникарската служба – како Роберт Лонг, ЏаМајкл Сандриџ и потполковник Мишел Витакер.

Тие „не успеаја да спроведат соодветна проценка на пациентот на г-дин Николс“, рекоа тие.

За време на приведувањето, „никој немаше милост за Тир Николс и виновниците мора да одговараат“, рече адвокатот на семејството Бен Крамп.