Американката Волш постави светски рекорд на 100 метри пеперутка


 Првиот ден од американските пливачки квалификации за Олимписките игри во Париз во Индијанаполис донесе нов светски рекорд на 100 метри пеперутка кој го постави 21-годишната Гретчен Волш.

Оваа студентка од Универзитетот во Вирџинија во полуфиналето постигна време од 55,18 секунди, што е за 30 стотинки побрзо од досегашниот најдобар резултат во светот, кој го држеше легендарната Швеѓанка Сара Сјостром, поставен на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Волш го имаше своето деби на големите натпреварувања на Светското првенство минатата година во Фукуока, каде беше членка на американските штафети на 4×100 метри слободно и 4×100 метри мешано, со кои освои злато и сребро, додека нејзиниот единствен поединечен медал беше бронзениот медал на 50 метри пеперутка.