Американка и Бразилец први олимписки шампиони во сурфање
Американката Клариса Мур и Бразилецот Итало Фереира влегоја во историјата како први олимписки шампиони во сурфање откако триумфираа на Игрите во Токио.
Мур во финалето ја победи Бјанка Буитендаг од Јужна Африка, додека Фереира беше подобар од Јапонецот Каное Игарашија.
Бронзен медал во женска конкурнеција освои Амуро Тузуки од Јапонија, а во машка Овен Рајт од Австралија.