Америка и вирусот: „Колосален неуспех на лидерството“


НИКОЛАС КРИСТОФ

Во уништувањето на американските животи, богатство и благосостојба, оваа пандемија го означува најголемиот неуспех во управувањето на САД од Виетнам

 

Еден од најсмртоносните неуспеси на лидерството во модерното време се одвиваше во Јужна Африка во раните 2000-ти кога СИДА-та се шири таму под претседателот Табо Мбеки.

Мбеки ја отфрли науката, прифати теории на заговор и ги отфрла третманите за спасување животи. Неговиот негирање чинеше околу 330.000 животи, откри истражување на Харвард.

Никој од нас кој пишуваше грозно за тој дебакл, не сонувал дека нешто слично може да се одвива во САД. Но, денес, здравствените експерти редовно го цитираат претседателот Трамп како американски Мбеки.

„За жал ние сме на истото место“, рече Ана Римоин, епидемиолог од У.Ц.Л.А. „Мбеки се опкружи со сикофанти што ја чинеше неговата земја стотици илјади животи занемарувајќи ја науката и ние ја трпиме истата судбина“.

Една улога на новинарството е да воспостави одговорност, а тоа е особено важно пред избори. Трамп вели дека заслужува А-плус за неговата „феноменална работа“ како се справува со коронавирусот, но пресудата на историјата веројатно ќе биде далеку посурова.

„Јас го гледам тоа како колосален неуспех на лидерството“, вели Лери Брилијант, епидемиолог ветеран кој помогна да се елиминираат сипаници во 1970-тите. „Од над 200.000 луѓе кои починаа од денес, мислам дека 50.000 нема да умреа ако не беше неспособноста“.

САД потрошија 15 години подготвувајќи се за корона вирусот. Зошто се справивме толку лошо?

Има многумина кои треба да се обвинат, вклучително и демократи, како и републиканци, но особено Трамп за „несовесно згаснатите животи“, според зборовите на еден необичен едиторијал овој месец во списанието за медицина во „Њу Енгланд журнал на медицината“. Во потврдите за смрт може да се забележи корона вирусот како причина за смртта, но во поголема смисла огромен број Американци починаа затоа што нивната влада беше неспособна.

Исто толку Американци умираат на секои 10 дена од Ковид-19, колку што загинаа  американските војници за време на 19-годишна војна во Ирак и Авганистан, а економистите Дејвид Катлер и Лоренс Самерс проценуваат дека економските трошоци за пандемијата во САД ќе бидат 16 билиони долари, или околу 125.000 УСД по американско домаќинство – далеку повеќе од нето вредноста на просечното семејство. Потоа, има неизмерна цена на меката моќ, бидејќи Соединетите Држави се понижуваат пред светот.

„Навистина е тажно да се види падот на претседателството на САД од тоа наместо да биде шампион на глобалното здравје стана потсмев во светот“, рече Деви Сридхар, Американец, професор по глобално здравје на Универзитетот во Единбург. „Беше трагедија на историјата што Доналд Трамп беше претседател кога избувна епидемијата“.

Соединетите Држави направија други ужасни грешки во текот на децениите, вклучително и војната во Ирак и војната против дрогата. Но, во однос на уништувањето на американските животи, богатството и благосостојбата, оваа пандемија може да биде најголемиот неуспех во управувањето во САД од војната во Виетнам.

 

Парадоксот е во тоа што пред една година, САД изгледаа особено добро позиционирани да се справат со овој вид криза. Истражувањето спроведено од Универзитетот „Џон Хопкинс“ од 324 страници во октомври минатата година покажа дека САД се најдобро подготвена држава за пандемија.

Заслуга за тоа има претседателот Џорџ В. Буш, кој летото 2005 година прочита претходна копија на „Големиот грип“, историја на пандемијата на грип во 1918 година. Потресен, Буш ги поттикнал соработниците да развијат стратегија за да се подготват за уште една голема зараза, а резултатот е одлична книга со 396 страници за управување со таква здравствена криза.

Администрацијата на Обама ја ажурираше оваа книга за учесници и во претседателската транзиција во 2016 година, помошниците на Обама ја предупредија администрацијата на Трамп дека еден од најголемите ризици за националната безбедност е зараза. Приватни експерти повторија слични предупредувања. „Од сите работи што би можеле да убијат 10 милиони луѓе или повеќе, убедливо најверојатно е епидемија“, предупреди Бил Гејтс во 2015 година.

Трамп ја обвини администрацијата на Обама за исцрпување на залихите медицински материјали, така што „шкафот беше празен“. Точно е дека администрацијата на Обама не стори доволно за да ги наполни националните залихи со маски N95, но републиканците во Конгресот не обезбедија ни скромни суми што Обама ги побара за надополнување. А, самата администрација на Трамп не направи ништо во првите три години за да ги дополни залихите.

Ние, во медиумите, исто така потфрливме: Не сторивме доволно за да предупредиме за ризиците од пандемии.

Трамп тврди дека никој не можеше да ја предвиди пандемијата, но тоа е она за што предупреди Буш, за што се обидоа помошниците на Обама да им кажат на своите наследници и за што реферираше Џо Бајден во својот твит во октомври 2019 година со жалење за намалувањето на Трамп на програмите за здравствена безбедност и додаде: „Не сме подготвени за пандемија“.

Првите ѕвони за тревога од Вухан

Кога здравствената комисија од Вухан, Кина, на 31 декември објави дека идентификувала 27 случаи на збунувачка пневмонија, Тајван реагираше со молскавична брзина. Загрижени дека ова може да биде епидемија на САРС, Тајван испрати здравствени инспектори да се качат на летовите што пристигнуваат од Вухан и да ги прегледуваат патниците пред да им дозволат да слезат. Секој што покажуваше знаци на лошо здравје беше ставен во карантин.

Ако или Кина или остатокот од светот ја покажеа истата итност, пандемијата можеби никогаш немаше да се случи.

Во Соединетите Држави, Центрите за контрола и превенција на болести издадоа известување за избувнувањето на Вухан на 1 јануари, но не се случи нешто повеќе за некое време. Во Кина, претседателот Ши Џинпинг издаде наредби на 7 јануари за справување со корона вирусот, но тие беа несоодветни. Ако, во тоа време или наскоро потоа, Ши нарачаше поскромна верзија на заклучувањето на Вухан што требаше да дојде, можно е вирусот да биде задушен пред да се прошири низ целиот свет.

Наместо тоа, Вухан одржа банкет за 40.000 луѓе на 18 јануари, а до моментот кога ќе се нарача заклучувањето на 23 јануари, околу пет милиони луѓе веќе го напуштија Вухан за Кинеска нова година. Како гледиште, две точки изгледаат јасни: Прво, Кина првично ги покри обемот на епидемијата. Второ, дури и да е така, Соединетите Држави и другите земји имаа доволно информации да се однесуваат како Тајван. Првите две земји што воведоа ограничувања за патување за Кина беа Северна Кореја и Маршалските Острови, ниту едната ниту другата немаше други внатрешни информации.

Таа прва половина на јануари претставува огромна пропуштена можност за светот. Ако Соединетите Држави, Светската здравствена организација и светските медиуми покренеа доволно прашања и ја притиснеа Кина, тогаш можеби кинеската централна влада ќе интервенираше порано во Вухан. И, ако Вухан беше заклучен само две недели порано, изгледа дека целата оваа глобална катастрофа можеше да биде спречена.

Пркосот на науката

Можеби првичниот грев на реакцијата на Америка на корона вирусот дојде со тестирањето.

Без тестирање, здравствените службеници се борат со врзани очи со противникот. Тие не знаат каде демне вирусот и не можат да ги изолираат заразените или да ги следат нивните контакти.

Но, здравствените власти смислија неисправен тест, а расправите во сојузната влада спречија употреба на други тестови. Јужна Кореја, Германија и други земји брзо развија тестови кои делуваа и овие беа дистрибуирани низ целиот свет. Сиера Леоне во Западна Африка имаше ефективни тестови пред САД.

Приврзаниците на Трамп, правилно, забележуваат дека во рамките на САД, државите со најголема стапка на смртност се предводени од демократите: Њу Џерси има најмногу смртни случаи по глава на жител, следен од Њујорк. Вистина е дека локалните политичари, демократите и републиканците, донесоа катастрофални одлуки, како кога градоначалникот Бил де Блазио од Њујорк ги повика луѓето во март „да излезат во градот и покрај корона вирусот“. Но, локалните власти делумно згрешија поради неуспехот во тестирањето: Без тестови, тие не знаеја со што се соочуваат.

Неправедно е целосно да го обвинуваме Трамп за катастрофата со тестирањето, бидејќи за неуспесите придонесоа функционерите што се на неколку скалила под него. Делумно тоа е затоа што именуваните Трамп, како Роберт Редфилд, директор на Ц.Д.Ц, едноставно не се А тим.

Во секој случај, претседателите поставуваат приоритети за пониските функционери. Ако Трамп толку многу ги притискаше соработниците за да добие точни тестови, како што се залагаше за одбивање на бегалците и мигрантите, тогаш Америка сигурно сигурно ќе имаше ефикасен тест до почетокот на февруари и ќе беа спасени десетици илјади животи.

Сепак, тестирањето не е од суштинско значење ако земјата прави вистински резервни чекори. Јапонија е густо населена земја која не тестиралше многу, а сепак има само 2 проценти повеќе смртни случаи по глава на жител од Соединетите Држави. Една од причините е што Јапонците долго време прифатија маски за лице, за кои д-р Редфилд забележа дека можат да бидат барем ефективни како вакцината во борбата против пандемијата. Една земја не мора да стори сé, ако прави некои работи како што треба.

Сепак, во ретроспектива, Трамп направи речиси сè погрешно. Тојго обесхрабруваше носењето маски. Администрацијата никогаш не вршеше трагање по контакти, не ги испушти можностите да ги изолира заразените и изложените, не ги заштити соодветно домовите за стари лица, издаде совети што ги мешаа проблемите повеќе отколку што ги разјаснуваа и им даваше одговорности на државите и локалните власти кои не беа подготвени да дејствуваат. Трамп заврши добра работа за забрзување на вакцината, но тоа нема да помогне значително до следната година.

Грешките на Трамп се појавија делумно затоа што тој канализираше антиинтелектуална струја што тече длабоко во Соединетите Држави, бидејќи ги остави настрана научните експерти и одговори на вирусот со сончев оптимизам, очигледно наменет за зајакнување на финансиските пазари.

„Toа ќе исчезне“, рече Трамп на 27 февруари. „Еден ден – тоа е како чудо – ќе исчезне“.

Лажните уверувања беа смртоносни. Едно истражување откри дека ако Соединетите Држави едноставно ги наметнеа истите заклучувања само две недели порано, можеа да се спречат 83 проценти од смртните случаи во раните месеци.

Основен принцип на јавно здравје е приматот на точни комуникации засновани врз најдобрата наука. Канцеларката Ангела Меркел од Германија, која има докторат по физика, е глобален шампион на тој пристап. Трамп беше спротивното, сееше теории на конфузија и заговор; студија на „Корнел“ открил дека „претседателот на Соединетите Држави веројатно беше најголемиот двигател на дезинформациите за Ковид-19“.

Наместо да ги слуша врвните владини научници, Трамп ги маргинализираше и ги исмејуваше, притоа воздигнувајќи ги шарлатаните: Еден висок службеник во здравствениот оддел, Мајкл Капуто, кој немаше искуството во здравството, беше протеран откако ги осуди владините научници за „бунт“ и ги советуваше приврзаниците на Трамп, „Ако носите пиштоли, купете муниција“.

Трамп го регрутираше како советник за Ковид-19 редовен гостин на Фокс њуз, д-р Скот Атлас, кој не е специјалист за заразни болести, туку радиолог, експерт за снимање со магнетна резонанца. Вие не би сакале епидемиолог да ги прегледува вашите скенирања на МНР и подеднакво е чудно да имате радиолог кој управува со пандемија.

Конзервативните коментатори го повторуваа Трамп во минимизирање на вирусот и ги потсмева напорите да остане безбеден. Брит Хјум од Фокс њуз го исмејуваше Џо Бајден за носењето голема маска, а десничарската веб-страница „РедСтејт“ го осуди „јавното здравство Гестапо“ и го нарече д-р Ентони Фаучи „нацистичка маска“. Студија на Универзитетот во Чикаго откри дека гледањето на програмата Шон Ханити е во корелација со помалку социјално растојание, па затоа гледањето на Фокс њуз може да било смртоносно за некои негеови обожаватели.

Американците честопати го посочуваа Советскиот Сојуз како место каде идеологијата ја победи науката, со катастрофални резултати. Сталин го поддржуваше Трофим Лисенко, земјоделски псевдонаучник, кој беше жесток комунист, но ја презираше генетиката – и чија ревносна неспособност помогна да се предизвика глад во Советскиот Сојуз. Подоцна, во осумдесеттите години од минатиот век, советските лидери беа вознемирени од податоците кои покажуваат опаѓање на животниот век – затоа забранија објавување на статистички податоци за смртноста. Во истиот дух Трамп се спротивстави на тестирање за корона вирусот во надеж дека ќе го задржи бројот на пријавени случаи.

Неизбежно, науката греши, а потоа се самопоправа. Но, Трамп не се самопоправи.

Највпечатливо, Трамп сè уште нема развиено сеопфатен план за борба против Ковид-19. Неговата „стратегија“ беше да го минимизира вирусот и да се спротивстави на затворањето на деловните активности, во обид да ја задржи економијата во бура – неговиот најдобар аргумент за реизбор.

Ова не успеа. Најдобар начин да се заштити економијата беше да се контролира вирусот, да не се игнорира, а ширењето на Ковид-19 предизвика економски дислокации што уништија дури и домови во кои никој не беше заразен. Осум милиони Американци паднаа во сиромаштија од мај, откри студија на Универзитетот Колумбија, а околу едно од седум домаќинства со деца пријавиле на пописот дека немаат доволно храна да јадат во последните седум дена. Повеќе од 40 проценти од возрасните пријавиле во јуни дека се борат со менталното здравје, а 13 проценти започнале или зголемија злоупотреба на супстанции. Повеќе од една четвртина од младите возрасни изјавиле дека сериозно размислувале за самоубиство. Дајан Рејнолдс, која спроведува одлична програма за зависности наречена „Провоцирачка надеж“, проценува дека релапсите се зголемиле за 50 проценти за време на пандемијата.

Значи, во која е веројатно најбогатата земја во историјата на светот, политичката лоша работа резултираше во пандемија на заразни болести проследена со пандемии на сиромаштија, ментални болести, зависност и глад.

Отфрлањето на науката ги влоши и поларизацијата и племенството. Додека го пишувам ова, јас сум на нашата семејна фарма во рурален Орегон. Трамп е популарен во оваа област, а неговиот презир кон науката придонесе за опасно расплетување, дури и разговор за граѓанска војна. Еден пријател од училиште ја сподели оваа теорија на заговор на Фејсбук:

Создадете ВИРУС за да ги исплашите луѓето. Ставете ги во карантин. Во секој наслов на вестите сметајте го бројот на мртви секоја секунда од секој ден. Затворете ги сите деловни активности. Маскирајте ги луѓето. Дехуманизирајте ги. Затвори храмови и цркви. Испразнете ги затворите заради вирусот и пополнете ги улиците со криминалци. Испратете ја Антифа да вандализира сопственост како да се борци за слобода. Поткопувајте го законот. Плен…. И, во изборната година, ги имате демократите кои за сето тоа го обвинуваат на претседателот. Ако ја сакате Америка, нашиот Устав и Владеењето на правото, подгответе се да се борите за нив.

Лошото управување со вирусот не само што разаболе милиони Американци, туку исто така го затру нашето тело.

Пандемијата е огромен предизвик за секоја земја. Шпанија и Бразил имаат повеќе смртни случаи по глава на жител отколку САД, а Европа сега има нешто повеќе нови инфекции по глава на жител отколку САД.

Сепак, не е смирувачко за земјата што пред една година се сметаше за најдобро подготвена за пандемија да слушне: „Не сме баш толку лоши како Бразил!“

За време на Втората светска војна, американските војници умираа со стапка од 9.200 месечно, што е помалку од една третина од темпото на смртност од оваа пандемија, но САД реагираа со масивна мобилизација. До 1945 година, фабриката на „Форд“ правеше по еден нов бомбардер „Б-24“ на секој час. А денес не можеме да произведеме доволно маски за лице; анкета на медицински сестри кон крајот на јули и почетокот на август покажа дека на една третина им недостигаат доволно маски N95.

Трамп и неговите сојузници се расправаа дури и против мобилизацијата. „Не плаши се од ковид“, објави на Твитер овој месец Трамп. „Не дозволувај тој да доминира во твојот живот“. Јавниот обвинител Вилијам Бар ги спореди наредбите за останување дома со ропството.

Наместо да води војна против вирусот, Трамп организираше предавање. Тој дури одржа и настан со супер-ширење во Белата куќа за судијата Еми Кони Барет, и затоа Белата куќа неодамна имаше повеќе нови случаи на Ковид-19 отколку Нов Зеланд, Тајван и Виетнам заедно.

Не мораше да биде на овој начин. Ако САД работеа повеќе и ја одржуваа стапката на смртност по глава на жител на ниво на, да речеме, Германија, ќе можевме да спасиме повеќе од 170.000 животи. И, ако САД реагираа итно и вешто доволно за да ја постигнат стапката на смртност во Тајван, помалку од 100 Американци ќе умреа од вирусот.

„Тоа е кланица“, му напишал на д-р Редфилд д-р Вилијам Фоџ, легендарен епидемиолог, кој некогаш го водеше Ц.Д.Ц. Д-р Фоџ предвиде дека учебниците за јавно здравје ќе ја проучуваат реакцијата на Америка на Ковид-19 не како модел на работа А-плус, туку како пример за тоа што не треба да се прави.

(Николас Кристоф е американски новинар и политички коментатор, добитник на две Пулицерови награди. Колумната е обкавена во „Њујорк тајмс“)