Амбасадорката на САД во Атина се појави на официјален настан во проѕирен фустан


Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, стана неочекувана ѕвезда на настанот за Денот на благодарноста организиран од Американско-грчката стопанска комора. Фокусот не беше на нејзиниот говор, туку на нејзината облека – проѕирен чипкаст фустан што многумина го сметаа за премногу провокативен за официјален дипломатски собир.

Социјалните медиуми се поделени: некои ја фалат нејзината самодоверба и стил, додека други тврдат дека американскиот амбасадор не треба да се појавува во таква облека на формални настани, нарекувајќи го тоа прекршување на протоколот.

Гилфојл е личност од висок профил: адвокат, поранешна водителка на „Фокс њуз“, поранешна сопруга на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот. Во декември 2024 година, претседателот Трамп ја номинираше за амбасадорка во Грција, а таа официјално ја презеде улогата во септември 2025 година. Оттогаш нејзините појавувања се шират на социјалните мрежи.