Амбасадата на САД организира панел-дискусија на тема „Борба против корупцијата“


Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД, денеска во 10 часот во „Александар палас“ ќе организира панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата.

Од Амбасадата на САД најавија дека на отворањето на панел-дискусијата ќе се обратат заменикот-шеф на Мисијата на САД во Скопје Никол Варнс, јавниот обвинител на Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска и помошникот на главниот државен ревизор Марина Блажеска