Алкараз – Пол, втора четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз
Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри откако лесно го совлада Русинот Роман Сафиулин со резултат 2:0 (6:4, 6:2) за еден час и 29 минути.
Во првиот сет Алкараз по два брејка водеше со 3:0, а иако Русинот врати еден брејк, Шпанецот водеше со 1:0 во сетовите. Во вториот сет, Шпанецот со два брејка го разби ривалот и обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Алкараз во четврт-финалето ќе игра против Американецот Томи Пол, кој претходно денеска го совлада Французинот Корентин Муте – 2:0 (7:6(8:6), 6:3).