Алиу: Здравствениот дом Гостивар ќе се реконструира по добивањето на градежните дозволи

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие градежните дозволи. Алиу го потенцира овој проект како ветување кое го даде пред извесно време на средбата со директорот на установата Вулнет Оломани.
Министерот Алиу за време на денешната посета на овој објект, искажа задоволство од работата на здравствената установа. Тој додаде дека проектот за реконструкција вклучува и изградба на дополнителен кат во постојниот објект.Како што рече, финансирањето на овој проект ќе биде 50:50 помеѓу Министерството за здравство и Здравствениот дом.
-Почетокот на работите би требало да започнат идната година, бидејќи за оваа година Министерството не предвидело средства во буџетот за оваа инвестиција, рече министерот Алиу.
Тој посочи дека сегашниот директор ја презел институцијата со негативен финансиски биланс и дека проблемот е надминат со ангажирањето на актуелното раководство.