Александар Трајановски ги поздрави уличните кучиња во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, денеска се пошета покрај преполни контејнери, а ги поздрави и бездомните кучиња, кои во општината ги има во голем број и вети дека Аеродорм не заслужува да изгледа така.

– Денес, со генералниот секретар Саша Димитријевиќ прошетавме низ Аеродром и наидовме на разочарувачка слика во нашата населба – насекаде преполни контејнери, мини депонии и ѓубре, како и незаштитени кучиња скитници.
Преполни паркинзи и никаков ред во сообраќајот.
Вака не треба да изгледа ниту една населба во нашето Скопје – напиша тој на социјалните мрежи.
Вели дека не ветува чуда, туку ветува реални остварувања а тоа е дека „ќе работиме со максимална посветеност и ќе испорачаме резултати“.
Заедно се бориме за нашиот дом! – додава тој.