Александар Спасов на местото на Иванка Додовска во Националниот совет за евроинтеграции
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.
Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.