Актерот кој го глумеше Сулејман Величенствениот доби условна затворска казна за протестите во Гези од 2013


Познатиот турски актер Халит Ергенч доби условна затворска казна за давање лажно сведочење во врска со протестите во паркот Гези во 2013 година.

Според турските медиуми, судот во Истанбул го осуди Ергенч на затвор за „обид за соборување на турската влада“ и „попречување на нејзините функции“.

Случајот беше отворен откако обвинителите ги повикаа Ергенч и актерот Риза Коџаоглу на друга судска постапка во која е вклучена познатата агентка за таленти Ајше Барим, која е во притвор од јануари под обвинение за обид за соборување на турската влада.

Барим наводно им наложила на актерите што ги застапувала јавно да ги поддржат протестите во паркот Гези.

За време на судењето, Ергенч тврдеше дека немал никаков контакт со обвинетите организатори на протестите, вклучувајќи ги Мемет Алабора и Ајше Барим. Сепак, истражителите пронајдоа докази што укажуваат на неговата поврзаност со нив. Покрај тоа, постојат снимки што го покажуваат неговото присуство на протестите.

Ергенч беше осуден на една година, десет месеци и 15 дена затвор, а Коџаоглу на една година и осум месеци. Сепак, судот го одложи објавувањето на пресудата, што значи дека казните нема да бидат извршени освен ако актерите не сторат ново кривично дело. И двајцата актери ги негираа обвиненијата и побараа ослободителна пресуда за време на рочиштето.

Пресудата предизвика меѓународна осуда, а организации како што е Амнести Интернешнл побараа обвиненијата да бидат отфрлени и сите затвореници поврзани со протестите во Гези да бидат ослободени.

Халит Ергенч е почитуван актер во Турција, а доби меѓународна популарност благодарение на неговите улоги во сериите „Илјада и една ноќ“ и „Сулејман Величествениот.