Акција за садење дрвца во сите 11 градинки во Општина Аеродром


Во пресрет на утрешниот „Светски ден на детето“ во сите 11 градинки на територијата на Општина Аеродром се одржа еколошка акција во соработка со општествено-одговорната компанија „Цветан Димов“.

Акцијата беше целосно поддржана од вработените во градинките кои заедно со најмладите помогнаа во поставувањето на садниците, а присуствуваше и градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски. 

-Децата уште од својата најрана возраст треба да бидат вклучени во сите слични иницијативи, со цел да научат за важноста од чувањето на животната средина. Оваа денешна акција претставува само почеток на една иницијатива која редовно ќе се одржува и преку која сите ние ќе придонесеме за една зелена и здрава животна средина, порача Муцунски.