Акциите на „Алибаба“ во пораст откако Џек Ма објави дека е во Европа


Акциите на „Алибаба“ пораснаа повеќе од шест проценти во средата, откако беше објавено дека основачот на компанијата, милијардерот Џек Ма е во Европа, што ги поттикна инвеститорите да се надеваат дека најлошото од акцијата на кинеските регулатори против интернет гигантот може да заврши, јави АФП.
Ма и понатаму е повлечен од јавноста откако официјалните органи го „издишаа“ она што се очекуваше да биде светски рекорд на првична јавна понуда од 37 милијарди американски долари за финансиската група „Ант“ на „Алибаба“, минатиот ноември.
Таа шокантна одлука ја започна каскадната серија удари на кинеските власти врз голем број технолошки и други индустрии за кои се смета дека станале премногу моќни, нерегулирани или монополски.
Присуството на Ма во Шпанија – на „студиска турнеја во земјоделската индустрија и технологија поврзана со животната средина“ – го објави South China Morning Post, кој е во сопственост на „Алибаба“.
Весникот наведува дека 57-годишникот, кој се повлече од улогата на претседател на „Алибаба“ во 2019 година, присуствувал на серија деловни состаноци во Европа.
Се наведува дека тој исто така престојувал во Хонг Конг приватно со своето семејство пред неговото патување во странство, повикувајќи се на анонимен извор запознаен со маршрутата на Ма.
Портпаролот на „Алибаба“ одби да коментира.
Но, вестите ги зголемија акциите на „Алибаба“, кои на затвораето на тргувањето во средата во Хонг Конг беа за 6,67 проценти повисоко. Досега овој месец, цената на акциите на фирмата се зголеми за 23 отсто, бидејќи се зголемуваат надежите дека компанијата сега се надминати конфликтите со властите во Пекинг.
Тоа чувство, исто така, помогна да се развие берзата во Хонг Конг, која беше запрена од регулаторните мерки на Кина во последните месеци.
Индексот Ханг Сенг, по еден од најлошите резултати оваа година, сега е зголемен за 10 отсто од затворањето на најниското ниво во последните пет години на 6 октомври.
„Станува се појасно и појасно дека најлошото од ударите во Пекинг е зад нас, особено во технолошкиот сектор, бидејќи тие беа првите што страдаа“, вели Џексон Вонг, директор за управување со средства во Амбер Хил Капитал, за Блумберг њуз.
„Алибаба“ ја загуби наклонетоста на Пекинг набргу откако Ма одржа говор во кој ги критикуваше финансиските регулатори во Кина.
Властите го повлекоа ИПО -то на „Ант“ и продолжија со антимонополска истрага за „Алибаба“, а на крајот ја казнија компанијата со 2,75 милијарди долари.
Кинеските власти, исто така, ѝ наредија на „Ант“ да се подложи на преструктуирање, како услов за заживување на своето ИПО.
Ма исчезна кон крајот на минатата година, но накратко повторно се појави во јануари откако видео клип го прикажуваше како држи говор пред наставниците од руралните средини како дел од настан организиран од неговата добротворна организација.
Се верува дека неговото патување во Шпанија е прво патување во странство откако регулаторите ја проверуваа „Алибаба“.