Ахмети се јави, надвладеала совеста


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашните случувања во Собранието, каде што пропадна гласањето недоверба на Владата, преку својот фејсбук профил порача дека преовладала свеста за прозападните вредности и за заедничките достигнувања:

„Пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната про-западна иднина. На нашата земја ѝ треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде. Како што ви кажав, нема да се однесуваме со емоции или еуфорија“, напиша тој.