Ахмети го нарече ВЛЕН „здружение Газиместан“
Али Ахмети, Лидерот на ДУИ, во прво обраќање по локалните избери рече дека не гледа потреба да се повлече од политиката бидејќи излегол како победник во првиот круг заедно со коалицијата Национална алијанса за интеграција. Тој ја нарече коалицијата ВЛЕН „здружение Газиместан“. Бидејќи губитникот излегува да тврди дека е победник.
„НАИ на овие избори освои 114.760 гласови со вкупно 159 советници. ‘Здружението Газиместан’, ВЛЕН, освои 91.849 со вкупно 122 советници. Но, тоа е тоа, секој ден тврдат дека ги добиле изборите, не само овие избори, туку и оние претходните, а всушност се големи губитници“, рече Ахмети и го повтори ставот на НАИ за предвремени парламентарни избори.
„Ние сме посветени на европска Македонија и добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите. Ние сме посветени на обезбедување подобра иднина за идните генерации“, рече Ахмети.