Ахмети: ДУИ не е резервна гума, не сакаме во владата!
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, изјави дека „Европскиот фронт“ не е заинтересиран да стане дел од Владата, бидејќи, како што додаде, тие не се резервна гума.
Тој во својот говор додаде дека „Европскиот фронт“ ќе се однесува како што сака народот, па нека ја заборават идејата дека победиле на изборите, бидејќи ќе дојде ден кога ќе ги победат 8 спрема 2.
„Албанците во РСМ се субјект, а не објект. Албанците денес водени од објект што се вика ‘Вреди’, како камен што друг го дотерува како што сака. Фронтот ќе продолжи секој ден со прес-конференции, ќе им ја носиме сончевата палма на глава, затоа што Албанците не го заслужуваат ова понижување. Не сме заинтересирани да станеме дел од оваа влада, бидејќи не сме резервна гума. Ние не сме претставници на анархија и реваншизам, не постапуваме по инстинкт, затоа што сме изградени по национална идеологија. Научија реченица ‘ДУИ е виновна’. Забораваат дека се осамостоија во 1991 година, но не можат сами да ја задржат државата, бидејќи во 2001 година се урна хартиените бараки. Ни треба ЕУ за сите добри работи што ги има, затоа што не фантазираме, туку имаме концепти во креирањето политики“, рече Али Ахмети.
Председателот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека дестабилизацијата е климата и стравот што се обидуваат да ги создадат за да се реализира планот на Христијан Мицкоски за полесно отстранување на албанските достигнувања. Села порача дека Европскиот фронт не станува дел од оваа влада на срамот, против граѓаните.
„Тоа се моменти во кои, иако политичките битки го земаат својот данок, не можам да кажам дека можам да се чувствувам среќен, во оваа ситуација кога нѐ водат некои манипулативни луѓе кои беа ставени на услуга на ВМРО-ДПМНЕ. Не можеме да ги сметаме за политички противници и да се радуваме на нивните неуспеси, но жалиме затоа што сме браќа од една крв. Овие 100 дена владеење се имплементација на програмата на ВМРО и сервис на ВМРО одстрана на ‘Вреди’. Се обидуваат да ги воспитуваат Албанците по калапи како што сакаат да бидеме“, рече Зијадин Села.