Аеродромци може да ја користат дигиталната платформа „е-Логес“ за голем број општински услуги
Минатата недела во општина Аеродром беше промовирана првата платформа за дигитални општински услуги е-Логес.
Истата беше презентирана и пред заинтересирани граѓани и претставници на невладиниот сектор од Аеродром и Кисела Вода.
Со оваа платформа, граѓаните ќе можат електронски да ги генерираат своите барања, електронски да ги плаќаат предвидените административни такси, ќе можат да го следат статусот на предметот и да бидат информирани кога нивните барања ќе бидат завршени или пак да приложат дополнителни документи доколку нешто недостасува во постапките.