Аеродром почнува селекција на пластика со 50 домаќинства
Општина Аеродром станува прва општина што започнува реализација на проект за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата!, се пофалија денеска од оваа скопска општина.
„Секое пластично шише и пластично пакување отсега ќе имаат своја вредност, а сите ние заедно ќе придонесеме за почисто, поодговорно и поздраво општество. Проектот ќе опфати 600 домаќинства, а првата фаза стартува со 50 домаќинства што ќе добијат специјални канти за селекција на пластика. Ова е првиот чекор кон модел што ќе се проширува низ целата општина“, додаваат од таму.
Согласно со новата одлука на Советот на Општина Аеродром, ЈП за комунални дејности ќе го спроведува проектот, ќе ја поттикнува селекцијата кај граѓаните и ќе го предава отпадот на овластени компании за понатамошен правилен третман.
Проектот претставува продолжување на Clean AirDrom, во рамките на кој веќе е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад.
Што значи ова за граѓаните?
Овој проект е силен и одлучен чекор напред кон поодговорни навики, свесни граѓани и уште почиста Општина Аеродром.