Аеродром објави конкурс за изградба на две градинки


Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки.

– Со ова, практично го реализираме едно од моите најважни ветувања за решавање на деценискиот проблем со недостаток на места во детските градинки, а истовремено ова е почеток на крајот на чекањата, ургенции и нервози со кои долг временски период се соочуваат нашите сограѓани, напиша Муцунски во фејсбук објавата. 
 

Првата градинка ќе се наоѓа во населбата Лисиче, а втората во непосредна близина на кулите Џевахир. Процесот на избор на најдобро решение ќе се спроведе низ транспарентна постапка, со вклучување на универзитетски професори и експерти од областа и поставување услови за највисоки стандарди при изведбата. 

– И не е само изградбата важна. Посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес, заврши Муцунски во својата објава.