Аеродром на врвот со 656 активни случаи со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Откако денеска во Скопје беа забележани 172 нови случаи со Ковид-19, скопската Општина Аеродром е на врвот со најмногу активни случаи со корона вирус – 656.

Следуваа Карпош со 522 и Центар со 506. Гази Баба има 420, а Кисела Вода 395.

Другите општини се под 300.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 167
• Гази Баба – 420
• Аеродром – 656
• Карпош – 522
• Центар – 507
• Кисела Вода – 395
• Ѓорче Петров – 276
• Бутел – 140
• Шуто Оризари – 25
• Студеничани – 7
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 61
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –20
• Зелениково – 8
• Странец – 22
• Нераспределен- 90.