Аеродром ќе добие фотоволтаична постројка за полнење електрични тротинети


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски објави на Фејсбук дека минатата недела потпишале договор со претставниците од Центар за климатски промени/Center for Climate Change , во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ кој се имплементира во Општина Аеродром.

Како дел од соработката и работата на заедничкиот проект, во наредниот период Аеродром ќе биде првата општина каде ќе биде поставена фотоволтаична постројка за полнење електрични тротинети.

Проектот е финансиран од Амбасадата на САД и се спроведува од Центарот за климатски промени, а негова главна цел е зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа во справувањето со овие предизвици.