Аеродром и Ново Лисиче без парно греење


Скопските населби Аеродром и Ново Лисиче попладнево се без парно греење.

Како што информираат од БЕГ, причината е дефект на топланата Исток.

Се работи на отстранување на дефектот. Сите други топлани во Скопје функционираат нормално и без застој, велат од БЕГ.