Адвокатката Јошевска вели: Јованов добил казна според европски стандард

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска излезе со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на прешачки премин на „Партизанска“. Јованов доби 12 години затвор, а јавноста од вчера реагира за висината на казната. За едни е доволна, за други ниска!
– Ако некој со ладна глава и без нарцисоидност има волја (може) да прочита каква е праксата во ЕУ за казнување во сообраќајки со смртни последици, а не само да урла по судовите и кога треба и кога не треба…, напиша адвокатката Јошевска-Анастасовска и сподели дел од конкретното законско решение во некои европски земји. Практично највисоката казна по ЕУ стандарди е досудена, алудира таа.
Еве каква е европската практика за вакви дела:
„Без отежнувачки фактори (чиста небрежност): Типично е да се изречат околу 1 до 3 години затвор, со условни казни можни во некои јурисдикции за сторители на прв прекршок.
Со отежнувачки фактори (на пример возење под дејство на алкохол, прекумерна брзина, претходни прекршоци): Казните често се движат од 4 до 10 години, а затворската казна е речиси секогаш задолжителна.
Во случаи на фатален судир и бегство или возење под дејство на алкохол што предизвикува смрт, 7-12 години е сè почеста казна во построгите земји на ЕУ како Италија, Франција и Германија“.