АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум


Фото: Б. Грданоски

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година.

Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.