АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите од струја на регулираниот пазар

Електростопанство на Северна Македонија (АД ЕСМ) вчера произведе 12.260 мегаватчасови електрична енергија со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, соопштија од Владата.
Во Термоелектраните произведени се 7.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 MWh.