Регионот започна со вакцинација против сезонски грип, кај нас абер нема


Фото: Б. Грданоски

Во сите здравствени домови во Србија и на Kосово официјално започна вакцинацијата против сезонски грип, а за тоа се обезбедени доволни количини вакцини, а во Србија достапни се два вида вакцини – флувак тетра од странскиот производител Абот од Холандија и торвакс грип од домашниот производител, Институтот за вирусологија, вакцини и Серуми „Торлак“.

„Треба да се нагласи дека сезоната на вакцинација против сезонскиот грип трае од почетокот на октомври до крајот на март и дека е исклучително важно граѓаните што поскоро да ја добијат, со цел навреме да се развие имунитет против вирусот на грип , во рок од две или три недели“, велат докторите.

Во Македонија, уште официјално не е почнато пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи, со аплицирање на страницата vakcinacija.mk, со соопштение од Министерството за здравство, а ниту се пристигнати вакцините. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. 

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.