Кими Антонели, ја освои Големата награда на Катар


Новиот светски првак во Формула 1, Италијанецот Кими Антонели, ја освои вечерва Големата награда на Катар на патеката во Лусаил, забележувајќи ја својата десетта победа оваа сезона во болидот на Мерцедес.

Неговиот клупски колега, Британецот Џорџ Расел беше првопласиран во првата половина од трката, но почна да губи брзина кога парче стиропор од патеката се заглави во неговиот болид. По запирањето во боксот, проблемите останаа, што го искористи Антонели да го презеде водството и го зачува до крајот на трката.

Расел, сепак, успеа да го задржи второто место и да обезбеди двојна победа за Мерцедес. На Антонели и Расел на подиумот им се придружи возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој втора трка по ред го освои третото место.

Пред последната трка од сезоната, Антонели има 427 бодови, пред Холанѓанецот Макс Верстапен (316), Расел (282), Луис Хамилтон (275) и Ландо Норис (274).

Во пласманот на конструктори, Мерцедес е неприкосновен со 709 бодови, додека Ферари го обезбеди второто место во пласманот на конструктори со 531 бодови.

Сезоната завршува следниот викенд во Абу Даби.