Расел од пол позицијата за ГН на Катар
Возачот на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел, ќе стартува од полпозицијата на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Катар, откако во саботата вечер имаше најбрзо време во официјалните квалификации на патеката Лусаил.
Расел ја обезбеди стартната позиција за претпоследната трка оваа сезона со време од 1:21.695 минути, што беше за 0,128 секунди побрзо од својот клупски колега Кими Антонели.
Од вториот ред ќе стартуваат возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Трката за Големата награда на Катар стартува во 17 часот.