Маск стана побогат за 39,3 милијарди долари за еден ден
Имотот на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 39,3 милијарди долари за само еден ден, достигнувајќи вкупно 862,8 милијарди долари, според податоците од листата на милијардери на агенцијата „Блумберг“, ажурирана денес.
Маск со тоа го зазеде првото место меѓу најбогатите луѓе во светот во однос на дневниот раст на богатството.
На второто место е основачот на „Амазон“ Џеф Безос, чиј имот се зголеми за 8,6 милијарди долари. По нив следуваат основачот на компанијата „Дел Технолоџис“ Мајкл Дел со раст од 7,8 милијарди долари и директорот на компанијата „Мета“ Марк Закерберг, чие богатство се зголеми за 6,5 милијарди долари.
Маск е сè уште убедливо најбогат
Сепак, и покрај големиот дневен раст, богатството на Маск се намали за 25,3 милијарди долари, или 2,85 проценти, во текот на претходната недела.
Тој сè уште е на првото место на вкупната листа на најбогати луѓе во светот, со имот од 862,8 милијарди долари. Втор е Безос со 373,3 милијарди долари.
Меѓу петте најбогати се коосновачите на „Гугл“ Лари Пејџ, со 228,6 милијарди долари, и Сергеј Брин, со 210,5 милијарди долари, како и Закерберг со 216,1 милијарда долари.