Бури и поплави оставија речиси половина милион домаќинства без струја во САД, откажани над 500 летови
Вашингтон – Стотици илјади Американци сè уште се без електрична енергија по силните бури што ги погодија источните и централните делови на САД и предизвикаа одложување на традиционалната парада за Денот на благодарноста во Њујорк.
Обилните врнежи, силните налети на ветер и крајбрежните поплави предизвикаа проблеми во источните делови на САД за време на празникот Ден на благодарноста.
Според податоците на специјализираната веб-страница „PowerOutage“, близу половина милион домнаќинста низ земјата сè уште се без електрична енергија.
Најпогодена е сојузната држава Пенсилванија, каде што без струја се околу 122.000 домаќинства.
Во делови од централната сојузна држава Мисури снежната покривка достигна речиси 40 сантиметри, а снабдувањето со електрична енергија на околу 72.000 домаќинства сè уште не било обновено.
Нарушен е и воздушниот сообраќај. Забележани се доцнења на 1.600 летови, а повеќе од 500 се откажани.
Без електрична енергија останаа и близу 45.000 домаќинства во сојузната држава Њујорк.
За време на Денот на благодарноста, илјадници луѓе се собираат во Њујорк за да ја следат традиционалната парада организиран од стоковните куќи „Мејсис“, со огромни балони исполнети со хелиум во форма на ликови од анимирани филмови и познати личности од поп-културата.
Ова е првпат во историјата на настанот парадата да биде откажана во време на мир. Таа трипати била откажана за време на Втората светска војна – во 1942, 1943 и 1944 година.