Нелегални имигранти украле манжетни и часовник од имотот на принцот Вилијам и Кејт
Двајца албански нелегални имигранти се искачиле на одводна цевка и провалиле во соба во селската резиденција на принцот и принцезата од Велс, од каде што зеле шест пара манжетни и еден часовник, беше кажано на британскиот суд.
Мирген Доку (34) и Арилен Ндочи (32) комуницирале со судот во Норвич со помош на албански преведувач.
Полицијата во Норфолк извести дека инцидентот се случил во понеделник вечерта во Анмер Хол на истокот од Англија, селска куќа со десет спални соби што Вилијам и Кејт ја добиле како подарок од кралицата Елизабета II по свадбата.
Во претресот биле вклучени кучиња, беспилотни летала и хеликоптер.
Доку живее во Лондон, додека Ндочи нема постојана адреса. На судот му било кажано дека еден од парата манжетни, за кој се сомнева дека е украден од имотот, бил опишан како „манжетни на војводата од Единбург“ и вредноста на украденото не е позната.
Полицијата претходно соопшти дека во пребарувањето на областа биле вклучени полициски кучиња, беспилотни летала и хеликоптер на Националната полициска воздухопловна служба.
Оваа осамена резиденција од црвена тула, во таканаречен џорџијански стил, именувана по четири кралеви по име Џорџ, се наоѓа на приватниот имот Сандрингам во Норфолк. Имотот има сопствен базен, тениско игралиште со вештачка трева и пространа градина.