Трошоците за изградба на индивидуални станбени објекти зголемени за 5,1 процент на годишно ниво


Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2026 година се зголемени за 1,5 проценти во однос на претходното тримесечје, а за 5,1 процент во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2026 година, трошоците за материјали се зголемени за 0,8 проценти, додека трошоците за вработените бележат раст од 2,8 проценти.

На годишно ниво, во третото тримесечје, трошоците за материјали се зголемени за 3,6 проценти, а трошоците за вработените за 8,2 проценти.