Математиката и министерката за образование – нешто не штима
Бленди Ходаи, директор на Фондот за образовни промени, го доведува во прашање познавањето на математика на министерката за образование Весна јаневска по нејзината вчерашна изјава дека студентскиот оброк треба да изнесува 156 денари. Студентскиот оброк изнесува 140 денари и не е променет веќе три години.
Ходаи на социјалните мрежи напиша:
„Пред два месеца, според нејзините пресметки, студентскиот оброк требаше да изнесува 147 денари. Денеска – 156 денари.
Министерке, инфлацијата не е прашање на мислење, туку на математика. Еве ја пресметката:
2023 (9,4%) – 153,16 денари.
2024 (3,5%) – 158,52 денари.
2025 (4,1%) – 165,02 денари.
2026 (проекција 4,5%) – 172,45 денари.
Тоа што три години не сте го усогласувале износот не значи дека инфлацијата од тие години исчезнала.
Од 1 јануари 2027 година, според проекциите, студентскиот оброк треба да изнесува 172 денари.
Ние од вас не бараме повеќе од она што го предвидува законот. Вие, пак, сакате да дадете помалку од она што ве обврзува законот“.