ЛДП: „Шампионот на Европа не бил шампион: ЕУ до МК – седи тројче“


Фото: Б. Грданоски

 

Фалбите на домашните прес-конференции се едно, а оценката секогаш доаѓа однадвор – и таа е јасна:  ЕУ на Македонија ќе ѝ додели дополнително 10 проценти од Планот за раст за Западен Балкан, а за Црна Гора и Албанија процентот ќе биде поголем – 15, реагира ЛДП.

„Како тоа ‘шампионот во реформите во Европа’, како што владата упорно се претставува пред јавноста, не ги добива најголемите дополнителни средства од Планот за раст на Европската Унија, туку пред нас се и Црна Гора и Албанија. Нели бевме неприкосновени лидери во регионот?

По неодамнешниот извештај на Европската комисија, ова е уште една официјална потврда од Брисел дека оваа влада е обичен ‘тројкаш’ – не само што не сме први, туку сме трети, неспособни да испорачаме ниту половина од ветените реформи.

Наместо вистинска работа, сведочиме на целосна институционална немоќ во која власта не е способна ниту еден закон сама да подготви без да чека сè да ѝ биде укажано од Брисел што и како треба, додека клучните реформи – како Изборниот законик, едната изборна единица и отворените листи – намерно ги кочи со бесмислени изговори само за да не се донесат. Затоа, наместо да ги повлечеме сите 770 милиони евра што ни стојат на располагање, граѓаните добиваат само дел поради неспособноста на власта, на која уште треба да ѝ бидеме благодарни што не ни пропаднале сите пари“, велат од Либерално-демократската партија.