Втора победа за Еурофарм Пелистер во Европската лига


 Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа вечерва во Битола против Вибжеже Гдањск со 34:27.

Филип Кузмановски со осум голови беше најзаслужен за победата на домашниот тим.

За битолчани ова е втор триумф во Европската лига по кој ги зачуваа шансите да ја поминат групата.

По дуелот од петтото коло, Гдањск остана на шест, додека македонскиот претставник стигна до пет бода.

Гумерсбах има четири бода, Ла Риоха три и натпревар помалку.

Во последното коло, Еурофарм Пелистер му гостува на Ла Риоха во Шпанија.