Јаник Синер оди на операција на коленото, го чека долга пауза
Италијанскиот тенисер Јаник Синер одлучи да го оперира коленото, а операцијата е закажана за вторник, 24 ноември.
Како што објави италијанскиот „Ил Џорнале“ одлуката е донесена по консултација со финскиот хирург Ласе Лемпајнен, кој ќе ја изврши операцијата.
„По консултација со финскиот стручњак Ласе Лемпајнен, Синер го прифати ризикот од операција на коленото и отпатува на процедурата, која ќе се изврши утре. Последните прегледи наводно покажале влошување на воспалението, за што операцијата претходно беше исклучена како можност, па сега е одлучено проблемот со тетивата да се реши хируршки“, пишува „Ил Џорнале“.
Се очекува долго закрепнување. Датумот на враќање сè уште не е утврден, а Вимблдон се споменува како можна цел.
„Враќањето на Синер на теренот не е можно пред почетокот на сезоната на земјени терени, додека првата проценка вели дека целосно закрепнување би можело да заврши до Вимблдон. Тоа би било точно една година од турнирот на кој ја постигна својата последна победа и го одигра својот последен натпревар“, вели новинарот Марко Ломбардо.
Во текстот се споменува и заштитениот ранг. Овој механизам овозможува влез на турнири по враќањето по долго отсуство, но не ги замрзнува поените или позицијата на АТП листата.