Еурофарм Пелистер го пречекува лидерот на групата Вибжеже


Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа битолски Еурофарм Пелистер вечерва е домаќин на лидерот на групата полската екипа Вибжеже. Гостите во Битола ќе допатуваат без пораз во ова натпреварување, но првиот дуел на двете екипи во Гдањск заврши нерешено 31:31. За Еурофарм Пелистер само победа ги остава со шанси за пласман на едно од првите две места на табелата и продолжување на натпреварите.

Битолчани се во серија од неколку дерби дуели, а во домашното првенство во четвртокот загубија на гостувањето кај Алкалоид. Сепак амбициите за добар резултат се присутни особено по домашната победа во претходното коло против германската екипа Гумерсбах.

Натпреварот во Битола почнува во 18:45 часот, додека дуелот меѓу Гумерсбах и Ла Риоха стартува два часа подоцна.

Вибжеже и прв на табелата со 6 бодови, Гумерсбах има 4, а Еурофарм Пелистер и Ла Риоха имаат по 3.

Во последното коло Е.Пелистер следниот вторник гостува кај Ла Риоха.