Мојсова-Чепишевска и Антоновски единствени автори од Македонија во новиот меѓународен зборник за Андриќ


Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се единствените автори од Македонија застапени со научен труд во новиот меѓународен зборник „Виртуелниот Андриќ“ („Andrić virtuelni / Andrić virtuell“). Нивната студија „Андриќевиот разговор со Гоја: од факт до фикција“ е објавена на македонски јазик во изданието приредено од Бранко Тошовиќ.

Зборникот е дел од меѓународниот проект „Andrić-Initiative: Иво Андриќ во европски контекст“, кој поврзува истражувачи од различни научни средини во проучувањето на нобеловецот. Заедничкото истражување на Мојсова-Чепишевска и Антоновски претходно беше претставено на меѓународниот научен симпозиум „Виртуелниот Андриќ“ во Мадрид.

Повеќе тука