Седум пријави за семејно насилство денеска: Тепани сопруги и сопрузи, но и ќерки


Уште седум нови случаи на семејно насилтво нотира денеска полицискиот билтен, при што во два случаи пријавени се жени кои агресивно се однесувале кон своите сопрузи. Во друг случај, жена е малтретирана од повеќе членови на семејството на сопругот, а тепани се и сопруги од своите сопрузи.. 

Вчера, во 21:15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.О.(68) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека околу 18:30 часот физички ја нападнал во семејната куќа. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(37) Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.10.2026 во семејниот дом во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

На 20.11.2026 во 02:00 часот на ул.„Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Б.(43) од Битола бидејќи упатувал закани кон неговата сопруга и нивните малолетни деца. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.11.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 39-годишна жителка на прилепско село затоа што во домот на поранешниот сопруг, агресивно се однесувала и му упатувала закани. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2026 во 16:05 часот на ул„Васко Карангелевски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Д.(27) од Прилеп затоа што упатувал закани кон неговата поранешна вонбрачна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2026 во 11:05 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека околу 02:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот поранешен сопруг Б.Д. заедно со други роднини дошле пред вратата на нејзиниот дом и се обиделе насилно да влезат по што упатиле закани кон неа и нејзиниот партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 06.08.2026, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта.

На 19.11.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода А.И.(24) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот сопруг дека во семејниот дом го нападнала остар предмет. Таа е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

На 19.11.2026 во 19:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С.(54) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата 30- годишна ќерка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.