Приведени две малолетнички, кои во Центар малтретирале и снимале друга малолетничка


Малолетнички малтретирале друга малолетничка во Центар, а притоа и снимале со мобилен телефон.

Вчера, во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.