Кос се радува на соработката со Чупиќ и парламентот на Србија
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, му честиташе на Александар Чупиќ за изборот за претседател на српскиот парламент.
„Новоформираниот парламент на Србија има клучна улога во исполнувањето на силниот мандат што му го доверија граѓаните на Србија. Ви честитам, драг Александре Чупиќ, на изборот за претседател на Народното собрание“, изјави Марта Кос преку Икс.
Таа нагласи дека со нетрпение очекува соработка со Чупиќ и Народното собрание на Србија „за зајакнување на владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските институции“.