Без струја дел од корисниците во Гази Баба, Петровец и Сопиште
Корисниците од дел од ул. „Франц Лист“ во општина Гази Баба денеска од 8 до 14 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, од 8 до 14 часот струја ќе немаат ни корисниците од дел од Ќојлија индустриска зона – Киппер, Кобра панел и Подравка во општина Петровец.
Од 9 до 14 часот без струја ќе останат и корисниците од дел од Црвена ПРС и место викано Осојница во општина Сопиште.