Без вода дел од корисниците на улиците „Христо Смирненски“ и „Славејко Арсов“
Поради изведување нов водоводен приклучок и санација на дефект на водоводната мрежа, без вода денеска ќе останат дел од корисниците на улиците „Христо Смирненски“ и „Славејко Арсов“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Поради изведување водоводен приклучок на улицата Христо Смирненски бр. 17, прекин во водоснабдувањето од 9 часот ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, на потегот од маркетот „Зур“ до булеварот „Партизански одреди“.
Воедно, поради дефект на приклучна цевка на улицата „Славејко Арсов“ бр. 81, од 9:30 часот без вода ќе останат и дел од корисниците на оваа улица.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето на двете локации ќе биде воспоставено по завршување на работните активности и санацијата на дефектот.