Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има и паднати дрвја
Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална штета во западните делови од Македонија. Како што информира „Македонијапат“, на клучката на влезот во Гостивар паднал семафорот и една канделабра, а на патот на повеќе места има паднати дрвја на коловозот.
Станува збор за семафорот на влезот во Гостивар откај Здуње, на кој се создаваат познатите колони од автомобили со туристи на пат од и кон Охрид во летните месеци.
Екипите на јавното претпријатие „Македонијапат“ работат на расчистување на патиштата.
Паднато дрво имало и на патниот правец Скопје-Тетово пред Карпалак, како и на регионалниот, „стариот“ пат меѓу Тетово и Скопје.
АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодуваат брзината кон условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните знаци.