СДСМ го повикува обвинителот Савески да постапува за Алта банка
Јавниот обвинител Ненад Савески да го прекине молкот и да постапи независно за Алта банка, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција. Фрчкоски посочи дека после 20 дена откако скандалот излезе на виделина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица, од Обвинителството сè уште нема никаква реакција. Тој го повика обвинителот Савески јавно да ги отфрли евентуалните притисоци од Мицкоски.
Фрчкоски додаде дека сѐ уште нема одговори на клучните прашања за влзеот на Алта банка во државата.
„Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите?“ рече Фрчкоски.
На прес – конференцијата Фрчкоски, посочи дека додека во Македонија се чека реакција на институциите и се брза кон проджба на банката, во Србија веќе се преземаат конкретни мерки.
„Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа. Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема. Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат“, рече Фрчкоски.