Летово намалени откупот и продажбата на земјоделски производи
Вкупната вредност на откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од годинава изнесува 4,7 милијарди денари и бележи намалување од 8,8 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за стaтистика.
Во периодот јули – септември годинава, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители било забележано намалување за 13,5 проценти.
Намалување од 3,7 проценти е регистрирано и кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство.