Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
ЈП „Водовод и канализација“ – Струга со ново известување потврди дека водата од водоводната мрежа на целата територија на општината не е безбедна за пиење поради зголемена заматеност.
Според објавените мерења, на повеќе мерни места се регистрирани вредности над дозволената граница од 1,5 НТУ. Највисока заматеност е измерена во селото Враништа – 1,89 НТУ, додека во Општата болница се измерени 1,8 НТУ, кај „Макпетрол“ 1,64, а во градинката „Сонце“ 1,62 НТУ.
Од претпријатието ги повикаа граѓаните да не ја користат водата за пиење до следното известување. Таа може да се употребува исклучиво за технички потреби.