Демократите ќе имаат 56, републиканците 44 места во американскиот Сенат
Вашингтон – Демократската партија ќе има 56 претставници во американскиот Сенат наспроти 44 сенатори од Републиканската партија и ова е конечниот состав на горниот дом на американскиот Конгрес.
Кандидатката на демократите, Мери Пелтола, освои сенаторско место како претставничка на Алјаска, со што ја однесе победата на својата партија во последната неизвесна трка за Сенатот. Пелтола освои 50,12 отсто од гласовите победувајќи го досегашниот сенатор од Алјаска, републиканецот Ден Саливан.
Со победата над републиканскиот противкандидат, Пелтола ѝ го донесе на својата партија деветтиот сенатски мандат на изборите за Конгресот по кои демократите имаат мнозинство од 56 спрема 44 места во горниот дом.
Педесет и тригодишната Пелтола работела во секторот за комерцијален риболов пред да влезе во политиката. Таа е првата демократка од Алјаска што освоила место во Сенатот на САД по речиси 20 години, како и првата припадничка на домородното население на Алјаска, на која ѝ успеало тоа.
Домородното население сочинува меѓу 15 и 18 отсто од жителите на Алјаска, што е највисок удел во споредба со која било друга американска сојузна држава.
Трката во Алјаска беше последната неизвесност од изборите за Сенатот.