Норвешка стравува од напади на екстремисти, службите предупредуваат и на нов облик на радикализам


Осло – Норвешка се соочува со зголемени безбедносни ризици од екстремистички групи, полицијата стравува дека во текот на наредната година би можело да има обиди за терористички напади од исламистички и десничарски екстремисти, соопшти денеска Полициската служба за безбедност на Норвешка.

И покрај тоа, вкупната процена на опасноста од напади останува на умерено ниво – три од пет, непроменета во однос на претходната процена.

Безбедносните служби предупредуваат и на појавата на таканаречениот нихилистички екстремизам. Неговите приврзаници сакаат да предизвикаат хаос и да нанесат голема штета, а службите особено ги загрижува ширењето на исклучително насилни содржини во онлајн-заедниците.

Службата, исто така, предупредува дека исламистичките екстремисти во Норвешка сè почесто се организираат во групи и мрежи, и во реалниот живот и на Интернет.